Софтвер за ресторани
Професионалниот софтвер за работа со ресторани и кафичи ќе ја зголеми вашата професионалност и брзина. Софтверот е лесен за управување, брз, ефикасен и ги опфаќа сите потребни податоци според законите за продажба и фискализација. Наменет е за работа со големи и мали ресторани, кафичи, коктел барови, кафани, пицерии и останатите видови на угостителски објекти.
Софтверот е изграден според најсовремените и најмодерните безжични технологии. Овозможува користење преку мрежно поврзување, како и работа преку интернет. Компатибилен е со Microsoft Windows, Android и iOS.
Што овозможува овој софтвер?
Управување со неограничен број на артикли, единечни мери, пакувања и ценовници
Можност за повеќе начини за плаќање
Печатење на различни видови фактури и извештаи
Печатење на извештаи според индивидуални корисници
Делење на артиклите (кујна и шанк)
Преглед на редоследот на масите во објектот
Потребни ви се повеќе информации?
Слободно исконтактирајте не на телефонскиот број или испратете ни мејл.
